Ердоган: Турција не може да ја напушти Русија

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека Турција не може да ја напушти Русија или да се откаже од рускиот гас, пренесува РИА Новости.

Тој нагласи дека Турција има односи и со Русија и со Украина и потсети дека нуклеарната централа „Акуџу“ во Турција ја гради Русија.

Турскиот претседател посочува дека поради нуклеарната централа што Русија ја гради во Турција, која всушност е стратешки проект, односите меѓу двете земји мора да останат во сегашните рамки.