Ердоган: Турција повеќе нема намера да зема кредити од ММФ

од desk4
111 прегледи

  Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција повеќе нема намера да зема кредити од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

– На денешна Турција не и се потребни заеми или техничка поддршка од ММФ, рече Ердоган.

Тој додаде дека темата земање кредити од ММФ е „затворена еднаш и засекогаш“.

Турција последните долгови кон ММФ ги подмири во 2013 година, а нови разговори на таа тема започна по падот на домашната валута – турската лира, во август, поради тензиите во односите со САД, откако Вашингтон ги воведе царинските давачки за увоз на челик и алуминиум од Турција.