Говорејќи на преку видео-врска на отворањето на болницата „Турско-албанско пријателство“ во Албанија, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денес дека неговата земја се стреми кон мир, просперитет, стабилност и развој на Албанија, но и на целиот Балкан, пренесе агенцијата „Анадолија“.
Ердоган зборуваше преку видео врска на инаугурацијата на болницата изградена во Турција во југозападниот албански град Фјер. Проектот вреди 70 милиони евра.
По тој повод, Ердоган рече дека Турција, во согласност со она што го налага братството, го поддржува социјалниот и економскиот развој на Албанија повеќе од 30 години.
„Ние се стремиме кон мир, просперитет, стабилност и развој на Албанија, но и на целиот Балкан. Оние кои гледаат на Турција како закана или конкуренција и дејствуваат само врз основа на нивните сопствени интереси, паѓаат во тешка заблуда“, рече Ердоган.
Тој истакна дека болницата отворена денес е уште една алка во повеќедимензионалното пријателство меѓу Турција и Албанија и потсети дека албанскиот премиер Еди Рама ја посетил Турција во јануари, при што го официјализирал стратешкото партнерство меѓу двете земји.