Ердоган: Турција веќе нема да зема кредити од ММФ

од desk2
76 прегледи

Властите во Турција немаат намера повеќе да земаат кредити од Меѓународниот монетарен фонд, изјави денеска претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

– Модерна Турција нема потреба од заеми и теничка поддршка од ММФ, изјави Ердоган.

Според него темата за кредитирање од ММФ е затворена еднаш засекогаш.

Во 2013 година Турција го исплати на ММФ последниот заем земен од тој фонд.