Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денес поднесе тужба против опозициона политичарка затоа што таа го спореди со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објавија турските медиуми.
Според агенцијата Анадолија, Ердоган од опозиционерката Мерал Аксенер побарал обештетување од 250.000 турски лири (24.475 евра).
Аксенер во вторникот навела дека Нетанјаху и Ердоган предизвикуваат кризи за да останат на власт.
„Бенјамин Нетанјаху, кој е своевидна израелска верзија на Ердоган, не се двоумеше да ги погоди цивилите и децата со цел да ги саботира политичките ривали и на тој начин да ја задржи својата позиција“, рече таа.
Ердоган синоќа остро ја критикуваше Аксенер, нарекувајќи ја „неморална“ затоа што го ставила „на исто ниво со Нетанјаху“.
„Јас дури не сум го ни запознал Нетанјаху … Тој никогаш не беше наш пријател и никогаш нема да биде“, додаде Ердоган.