Ердоган: Убер „заврши“ во Турција

од desk4
227 прегледи

  Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека активностите на компанијата Убер во земјата се завршени, објави весникот „Дејли Сабах“.

Ердоган синоќа изјави дека Турција има сопствен систем за такси услуги и властите нема да дозволат странска компанија да го уништи овој систем.

– Крај на бизнисот на Убер во Турција, рече Ердоган.

Компанијата Убер е принудена да престане со работа во повеќе европски земји.