Ердоган: Во октомври ќе ја разгледаме кандидатурата на Шведска за влез во НАТО

од Vladimir Zorba
184 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека парламентот на земјата во октомври ќе го разгледа барањето на Шведска за членство во НАТО.

„Кога парламентот ќе продолжи со работа (во октомври по летната пауза), ќе направиме се што е потребно, а пратениците ќе го разгледаат барањето на Шведска. Конечната одлука е на пратениците“, рече Ердоган во говорот по седницата на владата, пренесе Риа Новости.

Тој посочи дека Анкара е подготвена да ги реши сите проблеми со дијалог.