Ердоган во проблеми: Мафијашот Пекер сака да го урне преку Јутјуб

од Nikola Popovski
295 прегледи

Познатиот турски мафијаш Седат Пекер, кој е во бегство, ја обвинува владата за криминал, како и дека тие биле соучесници во неговото бегство. Истражувачите велат дека обвинувањата дополнително ја нарушиле популарноста на турскиот претседател Ердоган и неговата партија.

Мафијашот и „кум“ Седат Пекер со видео пораки ги освојува луѓето на Интернет. Тој објави пет снимки на Јутјуб, од кои секоја станала вирална и практично ги исполнила насловните страници на весниците.

Пекер обвинува познати политичари од владејачката партија дека се вмешани во убиства, силувања, трговија со дрога, злоупотреба на моќ и други кривични дела.

Во исто време, според овој мафијаш, турската влада го штитела од кривично гонење со години, а тој дури и добил полициска заштита од неа.

Во пораките, Пекер конкретно е насочен кон министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.

Министерот, наводно, го предупредил дека е покрената истрага против него, а тој потоа избегал од Турција за да избегне затвор, тврди Пекер во едно од видеата.

Сега министерот е на тенок мраз. Бидејќи властите не ги испитаа тврдењата на Пекер, повиците на опозицијата министерот Сојлу да поднесе оставка растат. Бидејќи досега не е покрената истрага, сè уште не е јасно што е вистина, а што не.

Пекер, кој избега во странство во јануари минатата година, одамна е познат на турската јавност. Тој важи за „ветеран“ во турското подземје, неколку пати му се судеше и беше осуден за „основање на криминална организација“.

Ердоган: Мафијашките банди се отровни змии

Појавувањето на Јутјуб претставува дополнително оштетување на имиџот на Реџеп Таип Ердоган. Турскиот претседател молчеше со недели, се додека не беше принуден да заземе став.

„Нè исполнува тага кога ќе видиме дека во нашата земја има сиромашни и недостојни луѓе, кои се потпираат на помошта на мафијашките банди. Исто како терористичките организации, криминалните банди се истите отровни змии“, рекол Ердоган по седницата на владата.

Слични содржини