Ердоган за израелските напади врз Газа: „Мора да го зајакнеме нашето единство како муслимани“

од Stefanija Kuzmanovska
200 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ја повика Организацијата за економска соработка силно да го крене својот глас против израелските напади врз Појасот Газа.

„Ако ние како Организација за економска соработка денес не го кренеме гласот заедно како муслимани, кога ќе го кренеме гласот? Конфликтите во окупираните палестински територии ни ги скршија срцата“, рече тој во обраќањето на 16-от самит на оваа економска организација во Ташкент, главниот град на Узбекистан.

Организацијата за економска соработка е политичка и економска меѓувладина организација основана во Техеран во 1985 година од лидерите на Иран, Пакистан и Турција, јавува „Анадолија“.

„Израел продолжува да бомбардира училишта, џамии, цркви, болници и универзитети, кршејќи ги сите можни вредности на човечноста“, рече Ердоган.

Слични содржини