Ердоган за кризата на лирата: Сакаат да не соборат, имаме сила

од desk2
179 прегледи

 

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека актуелната криза на националната валута лира е напад на турската економија.

Како што истакна Ердоган, овој напад не се разликува од напад на знамето или повик на молитва.

Ердоган во обраќањето на нацијата по повод Курбан бајрам и почетокот на четвородневниот празник во Турција рече дека целта на актуелната криза на лирата е „Турзија и нејзиниот народ да се соборат на колена“.

Нагласи дека Турција има сила и способност да ја надмине оваа криза.

Курсот на лирата денеска е стабилен спрема доларот, откако бонитетните агенции Moody’s и Standard&Poor’s минатата недела го намалија кредитниот рејтинг на Турција, пренесува Seebiz.

За еден долар во моментот се добиваат 6.01 лири. Турската валута од почетокот на годината изгуби 37 отсто од вредноста кон доларот, а инвеститорите стравуваат од влијанието на Ердоган на монетарната политика.