Ердоган: Зачувувањето на уставниот поредок на Босна и Херцеговина е важно за Турција

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на средбата со членовите на Претседателството на БиХ во Анталија изјави дека Анкара придава посебно значење на зачувувањето на стабилноста на Балканот, како и на заштитата на територијалниот интегритет, суверенитет и уставниот поредок на Босна и Херцеговина.

На маргините на Дипломатскиот форум во Анталија во саботата, Ердоган се сретна со претседавачот на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ и членовите на Претседателството Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ.

Според соопштението од кабинетот на Ердоган, на средбата се разговарало за билатералните односи меѓу Турција и Босна и Херцеговина, како и за регионални и глобални прашања.

Слични содржини