143
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека САД и Западот немаат граници во напаѓањето на Русија и дека Турција се обидува да отвори коридор на мирот, најавувајќи дека во следните неколку дена очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
„Русија не е обична земја, таа е моќна земја. Се разбира, Западот на чело со САД ја напаѓа Русија речиси без граници. Во сето тоа, се разбира, Русија дава отпор“, наведува Ердоган, пренесува РИА Новости.
Турскиот претседател рече дека Турција се обидува да отвори коридор на мирот.