Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ги негираше денес обвинувањата на Русија дека Анкара соработува со Исламската држава и нагласи дека борбата на неговата земја против џихадистите е неспорна.
Ердоган порача дека ставот на Турција во борбата против џихадистите е јасен од почеток.
-Тоа не се доведува во прашање. Никој нема право да ја оспорува борбата на нашата држава против ИСИС или да не инкриминира“, вели Ердоган.
Тој исто така ги демантираше обвинувањата на Русија дека купува нафта од Исламската држава.
-„Треба да ви е срам. Тие кои тврдат дека ние купуваме нафта од Даеша се должни тоа да го докажат. Ако не, тие се клеветници.“порача Ердоган.