Ердоган:Убиени 2000 терористи, спречен напад

од Vladimir Zorba

Околу 2000 екстремисти се убиени неодамна воо операции внатре и вон границата на Турција, изјави денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека безбедносните сили уапсиле лица за кои се сомневаат дека подготвувале терористички напад.

erdogan_1

Турција изврши напади на екстремистите на Исламската држава во Сирија и на локации на курдските екстремисти во земјата и на северот на Ирак. Ердоган рече дека се уапсени лица со седум килограми експлозив, кои се обиделе да побегнат во Сирија и за кои се сомнева дека планирале да извршат самоубиствени напади.   Тој се закани дека ќе ги напаѓа и Курдите во Сирија, за да оневозможи создавање на нивна автономија. Според него, тој ќе се бори за Турција без ничија дозвола, ако смета дека тоа што го прави е правилно.  Ердоган порача дека такви операции ќе продолжат.

Слични содржини