Ерик Клептон доби орден на уметноста и литературата

од Vladimir Zorba
131 прегледи

Французите го удостоија легендарниот гитарист Ерик Клептон со титулата Командор на Редот на уметноста и литературата, соопшти денеска Француската амбасада во Лондон. Тој ја добил уште во четвртокот наградата од францускиот амбасадор Силви Берман, кој го нарекол “амбасадор на блузот во Франција”.

Почесниот орден, формиран од француската влада, се доделува на Дејци на уметноста за безвремениот придонес кон светската, а особено кон француската култура. Ерик Клептон е единствениот изведувач кој е впишан три пати во Салата на славните на рокенролот и заслужено се смета за еден од најважните и највлијателните гитаристи на сите времиња.

За својот придонес во музичката култура во 1994 година тој е награден со титулата Офицер на Редот на Британската Империја од Кралицата, а од 2004 година и со титула Командор на Редот на Британската империја.