Ериксен ја завршува кариерата во Јунајтед

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Кристијан Ериксен (33) нема да остане во Манчестер Јунајтед. Договорот на искусниот Данец истекува на крајот од сезоната и клубот не е заинтересиран да го продолжи.

Сепак, фудбалерот кој доживеа срцев удар на теренот на ЕУРО 2021 година, а потоа се врати на теренот шест месеци подоцна, не размислува да ја заврши кариерата. Тој се уште се чувствува добро и останува да се види дали ќе остане во Премиер лигата или можеби ќе одлучи кариерата да ја заврши во својот матичен клуб Одензе.

Ериксен оваа сезона одигра 21 натпревар за Јунајтед во сите натпреварувања, постигнувајќи четири гола и исто толку асистенции. Менаџерот Рубен Аморим го користеше Ериксен само на четири од 13-те натпревари во Премиер лигата и тоа само 120 минути, што јасно покажува дека не смета на него.

Данецот во кариерата играше за Одензе, Ајакс, Тотенхем, Интер, Брентфорд и од 2022 година за Манчестер Јунајтед. Со 140 одиграни натпревари (43 гола) е рекордер за репрезентацијата на Данска.

Слични содржини