472
Иако едвај го преживеа срцевиот удар на мечот на Данска против Финска на Европското првенство, после 259 денови, Кристијан Ериксен му се врати на професионалниот фудбал и ни помалку ни повеќе отколку во Премиер лигата!
Неверојатно, и покрај очекувањата на многумина да ја заврши кариерата по драмата во Копенхаген, Данецот се врати во голем стил.
Ериксен неодамна потпиша договор со Брентфорд, а денес дебитираше. Имено, тој во 52. минута го замени Јенсен, при водство на Њукасл со 2-0.
Данецот претходно настапи на пријателскиот натпревар на Брентфорд против Ренџерс, кога остави одличен впечаток.
Фото: Profimedia