19
Данскиот играч за врска Кристијан Ериксен на лето ќе стане слободен играч и се чини дека неговиот договор со Манчестер Јунајтед нема да биде продолжен.
Оваа вест ја пренесе Фабрицио Романо. Така, неговиот тригодишен престој на „Олд Трафорд“ е при крај.
Данецот има 33 години, иако оваа сезона го имаше својот најдобар настап откако беше во Театарот на соништата. На 27 натпревари во сите натпреварувања забележа четири гола и четири асистенции.
Вкупно, од доаѓањето во Манчестер Јунајтед, тој одигра 99 натпревари, постигна седум гола и даде 17 асистенции.