Ериксен одби да го обнови договорот со Тотенхем

од Aleksandar Petrovski
209 прегледи

Играчот од средниот ред Кристијан Ериксен одби да потпише нов договор со Тотенхем. Англискиот клуб му понуди на 27-годишниот Данец да склучи договор до 2024 година. Платата на Ериксен би се искачила на девет  милиони евра по сезона.

Сега е веројатно дека Ериксен ќе замине во текот на летото како слободен агент. Интерес за играчот пројавија Интер, ПСЖ и Реал Мадрид.

Оваа сезона Ериксен настапи на 15 натпревари за Тотенхем, постигна два гола и забележа една асистенција.

Порталот „transfermarkt.de“ го проценува играчот на 100 милиони евра.

Слични содржини