Ериксен пристигна во Милано, Тотенхем ќе добие 20 милиони евра (видео)

од Nikola Popovski

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен  ќе стане играч на Интер. Клубовите се договорија за трансфер вреден 20 милиони евра. Од оваа сума, Ајакс ќе добие два милиона. Ериксен токму од Ајакс во 2013 година се пресели во Лондон.

Данецот денеска пристигна во Милано и се очекува по медицинските прегледи негова промоција во дресот на Интер.

Италијанските медиуми објавија дека Ериксен со плата од 10 милиони евра годишно ќе биде втор најплатен фудбалер во Серија А, по Кристијано Роналдо.

Слични содржини