Неверојатни кадри доаѓаат од стадионот „Паркен“ во Копенхаген по грозоморните сцени кои го обиколија светот.
Репрезентативецот на Данска, Кристијан Ериксен, падна на крајот на првото полувреме од дуелот со селекцијата на Финска во првото коло од групата Б на Европското првенство, но по половина час борба за живот, играчот на Интер беше пренесен во болница во свесна состојба.
Имено, на стадионот во Копенхаген, финските навивачи скандираат „Кристијан“, а Данците одговараат „Ериксен“.
Brilliant footage of the Finland fans chanting “Christian” and the Danes responding “Eriksen”
Fingers crossed for the best possible outcome from all this pic.twitter.com/luCAag9yJt
— Niall McCaughan (@niallmccaughan) June 12, 2021
Искусниот играч за врска е стабилен, а неговиот менаџер разговарал со него во болницата.
“Christian Eriksen is out of danger, his father told me from the hospital. He’s able to speak”. Martin Schoots, Eriksen agent, just added to NOS. 🙏🏻 #prayforEriksen
Official: Eriksen conditions are stable and the match restarts at 20.30 CET.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 12, 2021
Во болницата се и сопругата и таткото на Кристијан, кои изјавија дека данскиот репрезентативец е надвор од животна опасност и дека може да зборува.
Danish FA director Peter Møller confirm to DR (Danish Broadcasting corporation) Christian Eriksen has spoken to the Danish players from the hospital bed. He is well.
— DanishFooty (@DanishFooty) June 12, 2021
Ериксен дури разговараше со своите соиграчи и им испрати порака за поддршка.