Ериксен се враќа во данската репрезентација речиси 9 месеци откако доживеа срцев удар

од Vladimir Zorba
404 прегледи

Кристијан Ериксен се враќа во репрезентацијата на Данска речиси девет месеци откако доживеа срцев удар на натпреварот против Финска на Европското првенство, објави во вторник Данскиот фудбалски сојуз.

30-годишниот играч од средниот ред, кој повторно почна да игра фудбал на крајот на февруари во Премиер лигата со својот нов клуб Брентфорд, се најде на списокот дански репрезентативци за два пријателски натпревари против Холандија и Србија на крајот од Март.

Од пристигнувањето во Брентфорд оваа зима, Ериксен одигра три натпревари и забележа една асистенција.

Слични содржини