Ериксен се враќа во Интер, го чекаат нови медицински прегледи

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се враќа во Милано следната недела, за да направи нови здравствени прегледи по страшните сцени од Европското првенство.

На стартот на ЕУРО, Ериксен падна на натпреварот помеѓу Данска и Финска, лекарите успеаја да му го спасат животот на лице место, а подоцна тој беше опериран од срце.

Беше јасно дека првите предвидувања ќе бидат – крај на неговата кариера, но сега се наведува дека има можност Ериксен дури и да игра.

Италијански Sky објави дека тој се враќа во Италија месец и половина по инцидентот. Ако ништо друго, барем ќе ги посети соиграчите од Интер.

Целта е детално да се испита што предизвика срцев застој на 12 јуни и само по детални прегледи ќе се утврди дали е сè уште можно Ериксен да се врати во игра.

Да потсетиме, натпреварот помеѓу Данска и Финска беше прекинат поради срцев удар на Ериксен, а играчите на теренот беа шокирани од она што го видеа.

Кристијан се јави од болницата во свесна состојба наскоро по случката а информациите велат дека нема да преживел ако не беше Европското првенство, бидејќи лекарите на ЕП се подготвени и опремени да дејствуваат во такви околности.

Данците го завршија натпреварувањето на шампионатот во полуфиналето, каде загубија во продолженијата од Англија благодарение на сомнителен пенал.

Слични содржини