ЕРИКСЕН УСПЕШНО ОПЕРИРАН: Данецот излегува од болницата

од Vladimir Zorba
220 прегледи

КРИСТИЈАН Ериксен беше успешно опериран, соопшти „Марка“. Следниот петок се очекува да биде пуштен од болница! Тој има вградено посебен уред во неговото срце, и тој уред ќе го контролира неговиот ритам на срцето.

Откако Данецот ја исплаши целата планета кога падна на теренот за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска во првото коло на Еврото, сега ситуацијата се подобрува.

Засега е јасно дека тој нема да може да игра фудбал, но се наведува дека ќе може да води нормален живот. Некои од неговите соиграчи како Дејли Блинд имаа слични проблеми во кариерата, но тие продолжија да играат фудбал. Блинд двапати колабираше на теренот, но сепак игра за Ајакс. Сепак, состојбата на Ериксен е посериозна.

Сепак ова е голема победа за него. Кога првпат се огласи од болницата, на сите им олесни, а сега сме сигурни дека ќе биде добро.

Слични содржини