Ермира Мехмети: Или реформи во ДУИ, или станувам независен пратеник

од desk3
100 прегледи

Пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети, не ја исклучува можноста да ја напушти матичната партија, иако тврди дека такво нешто не спомнала.

ermira-mehmeti1

Шпекулациите се засилија откако медиумите на албански јазик објавија дека таа ја напушта својата матична партија и ќе дејствува како независен пратеник.

Вчера на својот фејсбук-профил, изразувајќи го своето незадоволство, Мехмети напиша: „Ниту една политичка функција не е вечна, па ни положбата министер“.

– Не ја исклучувам и таа можност, но тоа не е приоритет. Јас побарав внатрешни реформи во партијата за внатрепартиски да се средат работите – ни изјави денеска Мехмети.

МЕТА