Ерупција на вулкан во Индонезија, исфрли облак од пепел висок два и пол километри

од Stefanija Kuzmanovska
140 прегледи

Вулканот Анак Кракатoa на западот на Индонезија денеска исфрли огромни облаци од вулканска пепел до висина од околу 2500 м. Беа забележани четири ерупции, соопштија официјалните лица, при што втората по големина испрати облак од пепел и чад на 1.500 метри над кратерот.

Во 2018 година, кратерот Анак Кракатoa делумно се урна кога силна ерупција исфрли големи вулкански камења во океанот, предизвикувајќи смртоносно цунами. Тогаш животот го загубија повеќе од 400 луѓе, а стотици беа повредени.

Засега не е забележана штета во денешната ерупција и нема повредени.

Анак Кракатoa, кој се наоѓа на врвот на теснецот кој ги дели островите Јава и Суматра, е спорадично активен откако на почетокот на 20 век излезе од морето во калдерата формирана по смртоносната ерупција на Кракатoa во 1883 година, која се проценува дека однела околу 35.000 животи.

Индонезија е на Пацифичкиот огнен прстен, каде што конвергенцијата на континенталните плочи предизвикува зголемена сеизмичка и вулканска активност. Земјата има речиси 130 активни вулкани.

Слични содржини