Ерупција на Етна, река лава и пепел на височина од 8.000 метри (ВИДЕО)

од Milan1

Вулканот Етна на Сицилија накратко еруптираше во четвртокот вечерта, а три потоци лава течеа неколку стотици метри, но аеродромот во Катанија во подножјето на вулканот работи нормално.

Чадот се искачи на околу 8.000 метри, наведуваат од Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ). Ерупцијата повторно престанала во петокот наутро, иако вулканот сè уште испушта облак од пепел од кратерот.

Аеродромот Катанија, кој се наоѓа во подножјето на вулканот Етна, работи нормално.

Етна еруптира неколку пати годишно, а облаците од пепел предизвикуваат помала штета во околните села и градови.

Ерупциите, исто така, неколкупати го прекинаа воздушниот сообраќај на аеродромот во Катанија.

Слични содржини