Есенска намирница која го намалува ризикот од срцеви заболувања и го зајакнува имунитетот

од Stefanija Kuzmanovska
428 прегледи

Тиквата е една од омилените есенски намирници на многумина, а освен одличниот вкус, има и бројни здравствени придобивки.

Како што објаснуваат нутриционистите, тиквата е богата со хранливи материи како витамин А, витамин Ц, калиум, влакна и бета-каротин. Овие хранливи материи играат важна улога во одржувањето на нашите тела здрави на неколку начини, пренесува Healthline.

Поздрава и поубава кожа
Како прво, луѓето кои редовно ја консумираат оваа храна ќе имаат поздрава кожа.

Причината за тоа е големото количество бета-каротин, кој во нашето тело се претвора во витамин А и на тој начин помага во заштитата на клетките на кожата од оштетување од штетните УВ зраци.

Исто така, витаминот Ц е одличен кога станува збор за хидратација на кожата, но го поттикнува и создавањето на колаген кој ја прави кожата поубава, еластична и сјајна.

Зајакнување на имунитетот
Исто така, диететичарите објаснуваат колку тиквата е одлична кога станува збор за зајакнување на нашиот имунитет.

Многу истражувања покажаа дека редовното консумирање на оваа храна придонесува за поголема отпорност на нашиот организам и затоа поретко ќе се разболуваме.

Помал ризик од болести на срцето и крвните садови
Благодарение на високата содржина на калиум во тиквата, редовното консумирање доведува до намалување на крвниот притисок и намалување на ризикот од срцеви заболувања.

Покрај тоа, оваа вкусна и здрава храна содржи и антиоксиданси за кои е докажано дека помагаат во неутрализирање на слободните радикали во организмот и го намалуваат ризикот од хронични болести.

Слични содржини