Ешли Греам позираше гола и го покажа трудничкото стомаче

534 прегледи

Ешли Греам

Плус сајз манекенката Ешли Греам (32) моментално ужива во својата бременост. Тоа не ја спречува на социјалните мрежи да објавува голи фотографии на кои го покажува трудничкото стомаче.

Така на Инстаграм со своите следчи асподели фотографија на која позира потполно гола, со раката криејќи ги градите. Греам со сопругот Џастин Еврин (30) очекуваат момче, а сречната вест ја споделија на деветгодишнината од бракот во август.

– Пред девет години се омажив за љубовта на својот живот. Тоа беше прекрасно патување со мојата најдрага личност на светот. Денеска се чувствувам толку благодарно, возбудено и благословено бидејќи можеме да го прославиме проширувањето на семејството. Среќна годишнина. Животот ќе ни стане уште поубав – напишала Ешли во описот на видеото на кое се надзирува стомакот.

View this post on Instagram

staycation❣️

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

За време на бременоста, Ешли често споделува фотографии од тоа како телото се менува. Признала дека најмногу и се допаѓа тоа што во текот на овие месеци почнала да се дружи до други трудници и да си разменуваат инфомации, пишува Dily Mail.

Инаку, Греам често споделува провокативни фотографии на социјалните мрежи, како оние во костим за капење или долна облека. Таа постојано истакнува колку е важно себесакањето и прифаќањето на сопственото тело. Во едно интервју признала дека и таа има комплекси, особено за целулитот и маснотиите на грбот.

Слични содржини