По апсењето на Шон Диди Комбс, актерската двојка Мила Кунис и Ештон Качер наводно размислуваат да го напуштат Холивуд и дури планираат да се преселат во некоја европска земја, тврди извор близок до семејството за In Touch.
„Ештон е фрустриран што го влечат низ целата оваа приказна поради неговите минати врски. Прво тоа беше Дени Мастерсон, а сега Диди. Тој е убеден дека има подобри места за живеење од Холивуд. Според неговите мисли, Холивуд стана септичка јама“, изјави изворот.
Изворот вели дека Мила и Ештон летото го поминале во Европа и тоа наводно им ја продлабочило желбата за нов почеток. „Тие поминаа неверојатно време во Европа и сега имаат идеја да се преселат таму. Тие веруваат дека тоа ќе понуди подобар и помирен начин на живот за да ги воспитуваат нивните деца“, откри изворот.
Сепак, една голема пречка се нивните работни обврски во САД. „Тие се загрижени дека Европа може да биде премногу далеку од нивната работа. Ако преселувањето во Европа се покаже непрактично, двојката ја разгледува и северна Калифорнија како опција“, додаде тој.
Исто така, извор близок до Ештон неодамна изјави за Дејли Мејл дека славниот актер жали за пријателството со Диди и стравува дека Диди може да ги лаже властите за неговите познати пријатели. „Ештон се чувствува изневерен, земен здраво за готово и изманипулиран. Сега не верува на никого освен на сопругата Мила. Ќе го задржи само семејството во својот близок круг”, изјавил извор за странските медиуми.
Качер беше редовен гостин на дивите забави на Диди, за чии детали беше прашан за време на гостувањето на Hot Ones пред неколку години.
„Имам многу да кажам, но не можам. Така, ух… Не можам ни да ја раскажам оваа. Приказните за забавите на Диди, човече, тоа се некои чудни спомени“, рече тој, одбивајќи да зборува за детали.
Познато е дека во 2009 година актерот и рапер ја организираа традиционалната бела забава на Диди по повод борбата против маларијата, која беше наречена Malaria No More. Сепак, нема индикации или докази дека Ештон или некоја од другите познати личности од забавите биле вмешани во нелегални активности.
Качер се присети на дружењето со Комбс и како тие порано гледале фудбал, како и на желбата на раперот да биде најдобар во се. Според неговите зборови, Комбс еднаш предложил да трчаат заедно и околу половина пат останал без енергија, па побарал од Качер незабележливо да успори за папараците за да не изгледа дека не може да трча. Ова го налутило раперот и, според зборовите на Ештон, почнал да тренира за маратонот во Њујорк.