Ескобар и Лајчак бараат Србија да ги ослободи уапсените косовски полицајци (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Потребно е Србија итно да ги ослободи тројцата косовски полицајци, за да можат да се вратат кај семејствата, согласни се денеска заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар и специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак.

Ескобар и Лајчак во разговорот за Атлантскиот совет изразија загриженост за ситуацијата на северот на Косово, укажувајќи дека тој има потенцијал да стане регионална конфронтација.

Слични содржини