Ескобар: Кога САД би решавале, целиот регион би бил во ЕУ до 2030 година

од Vladimir Zorba
752 прегледи

Соединетите Американски Држави ќе продолжат да се залагаат за напредокот на Западен Балкан и ќе го гледаат како област на огромни можности која треба целосно да се интегрира во Европската унија, се клучните пораки на Габриел Ескобар во интервјуто за Институтот за Политика и економија на Југоисточна Европа од Белград.

Доколку Соединетите Американски Држави, истакна Ескобар, имаа поголема улога во одлучувањето, до 2030 година целиот регион би бил во рамките на ЕУ. Тој гледа многу позитивна иднина за Србија и за регионот во целина и сака Србија да биде поцврсто „закотвена во заедницата на пријатели што ги има САД во Европа“.

Коментирајќи ја изјавата на американскиот амбасадор Кристофер Хил дека „српската страна соработува на многу добар начин и дека Србија е сигурен партнер, но тој не е сигурен дека премиерот Албин Курти е партнер на Соединетите Американски Држави, Ескобар истакна дека Курти е партнер на САД“.

„Морам јасно да кажам – господинот Курти е наш партнер. Тој понекогаш е тежок партнер, но тој е партнер. Косово е наш партнер. Србија е наш партнер. Значи, во иднина сакаме да ги искористиме добрите односи што ги имаме со Косово и подобрувањето на односите што ги имаме со Србија за да најдеме начин, да најдеме заемно прифатлив и взаемно корисен начин за да можат и двајцата да бидат дел од Европската Унија заедно. И не само тоа, туку и двајцата да помогнат да се отвори вратата за интеграција за остатокот од регионот. Значи, сакаме да ги искористиме нашите добри односи за да помогнеме да посредуваме во иднина“, истакна Ескобар.

Кога станува збор за Отворен Балкан како основа или почеток на соработката на земјите од Западен Балкан, но во кои сè уште ги нема Црна Гора и Босна и Херцеговина, Ескобар смета дека најважниот дел од секој план за економска интеграција мора да биде усогласување со Европската Унија.

„Европската унија, односно трговијата со Европската унија сочинува околу 70 отсто од вкупната трговија во регионот. Значи, со други зборови, фокусирањето на европскиот пазар е апсолутно клучно. Европската унија веќе постави некои насоки и метрика преку Берлинскиот процес. Затоа, берлинскиот процес мора да биде во фокусот, но во меѓувреме ги поддржуваме сите економски ставки кои го зближуваат регионот и го доближуваат до Европа, се додека тие не ја нарушуваат посветеноста на земјите кон Европската унија и додека се отворени за секого. На некој начин, може да се каже дека ако две или три или четири земји одлучат дека сакаат да ја завршат домашната задача однапред, тогаш тоа е во ред се додека таа домашна задача е во рамките на барањата на Берлинскиот процес. Значи, ние не го поддржуваме едното или другото, или едното повеќе од другото, туку поддржуваме се што го зближува регионот“, објасни Ескобар.

Тој вели дека е оптимист кога е во прашање влезот на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

„Имам и мислам дека младите во регионот го имаат истиот ентузијазам. Видете, да бидам искрен, во однос на стапките на раст, регионот е пазар со околу 20 милиони луѓе, економија од околу 120 милијарди евра со просечна стапка на раст од 7% или повеќе. Тоа е речиси 5% повеќе отколку во некои поголеми земји од Европската унија. Значи, Западен Балкан, кога целосно ќе се интегрира во Европа, ќе биде двигател на економскиот просперитет, двигател на растот на работните места, и јас сум сè уште многу ентузијаст за тоа. Предизвикот сега е дали и лидерите во регионот ја гледаат таа можност или дали ќе останат вкоренети во нивниот сегашен начин на размислување за етничко ривалство и политичка криза на трајна основа“, додава тој.

Слични содржини