Ескобар: Курти има два дена да одговори на барањата кои му беа упатени на средбата

од Stefanija Kuzmanovska
296 прегледи

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека косовскиот премиер Албин Курти има два дена да одговори на барањата кои му беа упатени на средбата и најави дека до петок заедно со претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, тој ќе извести дали има напредок или не, пренесува „Репортери“.

Ескобар пред новинарите зборуваше и за членот 7 од Охридскиот договор, формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство, наведувајќи дека Курти има план за Заедницата, но го крие.

Тој не откри дали нацрт-статутот на Заедницата го подготвил Косово или Европската унија, но нагласи дека нацртот постои и дека се крие.

Ескобар, кој од вчера е во Приштина и кој заедно со Лајчак синоќа се сретнаа со Албин Курти, нагласи дека косовскиот премиер има два дена да одговори на барањата што му биле изнесени на средбата.

Слични содржини