Ескобар: Мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и подршка за брзо зачленување на С. Македонија во ЕУ

од Vladimir Zorba
126 прегледи

САД бараат мирни и продуктивни односи меѓу Софија и Скопје и даваат цврста поддршка за брзо зачленување на Северна Македонија во ЕУ.

Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секратар и специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, во изјава за МИА денеска рече дека „САД ќе подржат сѐ што ќе ги внесе (Македонците) во ЕУ брзо и мирно“.

-Продолжуваме да работиме со Владата на Северна Македонија за помош тие да ги остварат своите цели. Тие се исклучително добар НАТО сојузник и можам да ја уверам ЕУ дека тоа ќе бидат и како членка на Унијата. Продуктивна, сигурна и цврста членка на ЕУ, посочи Ескобар.

Рече дека двете земји, Северна Македонија и Бугарија, се ценети партнери на САД и дека Вашингтон бара тие да имаат меѓусебни мирни и продуктивни односи.

Слични содржини