Ескобар предупредува на последиците доколку Црна Гора не ја реши длабоката политичка криза

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, предупреди на „многу можни последици“ доколку Црна Гора не ја реши повеќемесечната длабока политичка и институционална криза.

„Црна Гора е во многу длабока криза. Блиску е до институционален колапс каков што едвај сум видел во ниту една земја. Нема влада. Две влади паднаа и нема напредок во формирањето на друга. Тие немаат кворум во Уставниот суд кој би можел да потврди нови избори“, изјави Ескобар во интервју за Гласот на Америка.

Заменик-помошникот државен секретар на САД потсети дека мандатот на претседателот Мило Ѓукановиќ истекува напролет. Претседателката на Парламентот на Црна Гора, Данијела Ѓуровиќ, неодамна распиша претседателски избори за 19 март.

Слични содржини