Ескобар: С. Македонија и Албанија се потребни во ЕУ

од Nikola Popovski
290 прегледи

Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјавил дека идејата за слободна и мирна Европа не е целосна без Западен Балкан и изрази поддршка од САД за започнување на меѓувладини конференции на Европската унија со Скопје и Тирана, пренесува косовски „Репортери“.

– Ни треба Северна Македонија во Европската Унија, ни треба целиот Западен Балкан во Европската Унија. Идејата дека започнавме во 1989 година да создадеме целосно слободна и мирна Европа се уште не е завршена и мора да продолжиме да работиме кон тоа, рекол Ескобар.

Меѓу другото, Ескобар истакнал дека регионот на Западен Балкан има големи економски и трговски перспективи.

Слични содржини