САД ја поддржуваат иницијативата Отворен Балкан, изјави денеска специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и посочи дека САД ги поддржуваат сите иницијативи кои го приближуваат регионот до ЕУ и промовираат стабилност.
„САД не гледаат на Балканот како воен регион, туку низ призмата на можностите на 21 век, а можностите на регионот се огромни. Западен Балкан е благословен со одлична географска положба, големи ресурси и претприемачки дух“, објасни Ескобар на отворањето на состанокот на Отворен Балкан во Охрид.
САД го поддржуваат Отворениот Балкан, но ние сме за соработка и интеграција во пошироката европска структура. Прекуграничната соработка на Западен Балкан треба да биде насочена кон поголема европска интеграција“, изјави специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.