Заменик-помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар потенцира дека сите земји од Западен Балкан имаат свое место во Европа. Тој појаснува дека на Европа и на САД им е потребен Западен Балкан.
-Јас сум голем оптимист за регионот и кога сме кај бројките, економските бројки покажуваат голема работа за овој регион, изјавил Ескобар во интервју за ТВ 21.
Американскиот претставник истакна дека ставот на САД за Западен Балкан е дека е област на огромни можности.
-Земјите од Западен Балкан мораат да спроведат реформи, да ги подготват јавноста и институциите за интеграција. ЕУ е должна да го изготви планот, а Американците мораат да го поддржат. Мислам дека сите треба да се потрудиме, дециден е Ескобар.