Државната ЕСМ бара да се зголеми цената на парното во Скопје. Тие веќе поднеле барање за промена на максималниот регулиран приход и цена за 2024 година за дистрибуција на топлинската енергија.
Според поднесеното барање, компанијата предлага зголемување на трошоците за гориво за 12,92%, што ќе влијае на крајната цена за топлинската енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите.
Се очекува Регулаторната комисија до крајот на оваа недела или почетокот на наредната да закаже седница на која ќе се разгледа барањето на ЕСМ и ќе се донесе одлука за нова цена.
Претходната грејна сезона скопјани добија одлука за зголемување на цената на парното за нешто над четири отсто. Или пресметката велеше на сметка од 2000 денареи цената се зголеми за околу 100 денари. И тогаш клучна беше цената на природниот гас кој на ланскиот старт на годината имаше високи цени на овој енергенс на берзите, но голема беше и позајмицата на владата на компаниите од овој сектор. Сега работите се променети.