ЕСМ Дистрибуција ќе го отстрани опожарениот топловод на мостот „Беласица“ во најкраток можен рок

од Nikola Popovski
264 прегледи

Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании, соопштија од ЕСМ Дистрибуција на топлина.

Од таму додаваат дека ќе вложат максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на мостот да се заврши во најкраток можен рок, информираат од компанијата.

Од ЕСМ потенцираат дека и покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа.

Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски предупреди ако оштетениот мост и топловодот не се санираат, следната грејна сезона ќе има проблеми, односно ќе се соочиме со поголеми трошоци за парно, за кој потенцира дека РКЕ нема намера да ги прифати и ќе си бидат на товар на топланата. 

Професорот Михаил Гаревски вчера изјави дека мостот „Беласица“ нема да биде пуштен во употреба следната недела.

Според градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска првичните информации говорат дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите, оштетувањата на објектот се минимални и не довеле до нарушување на структурниот интегритет на мостот.

Слични содржини