ЕСМ достави понуда за ценана струјата, РКЕ смирува граѓаните и јавноста да бидат спокојни

од Берта Китинска
181 прегледи

До Регулаторната Комисија пристигнало и првото барање за зголемување на цената на струјата – од Електродистрибуција и тоа за 100 % – изјави во Топ Тема, претседателот на Регулаторната Комисија,  Марко Бислимовски.

До крајот на неделава се очекуваат и барањата на ЕВН Хоум и МЕПСО. Цената на парното , пак,  ќе зависи од цената на гасот што треба да го набави Макпетрол, а Бислимовски рече дека е уверен оти компанјата ќе осигура “многу поразумни цени“  од оние на дел од пазарот.

Граѓаните и јавноста да бидат спокојни. Ќе преземеме се што е потребно како РКЕ, вели  Бислимовски, смирувајќи ја ситуацијата околу новата цена на струјата и шпекулациите за нејзино драстично покачување.

Тој информира дека во одредени членки од ЕУ има зголемување на струјата за домаќинствата, како што е Италија, за дури 40%.

-Таму има и целосно либерализиран пазар на електрична енергија. Има зголемување и во Австрија и во други земји. Се што можеме да искористиме како потенцијал, ќе го направиме. Бидете без грижа, додава Бислимовски и потенцира дека „кога ќе заврши кризата, ќе бара јавно извинување од некои експерти и медиуми за ширењето на шпекулации околу цената“.

Бислимовски исто така посочи дека „евтината тарифа на струјата кај нас е политичко прашање“.

-Ќе анализираме, па ќе одлучиме дали ќе се укине. Факт е дека евтина струја има само во Македонија и во еден дел од БиХ. Во ниедна друга земја не постои, рече Бислимовски.

Слични содржини