ЕСМ ќе го преземе финансиското управување на БЕГ и Топлификација Скопје-Север

од Nikola Popovski
350 прегледи

Изминатиот период имаше најави за апокалипса во снабдувањето со топлинска енергија, поскапување на парното од 200% и ги плашеа граѓаните и жителите. Верувам дека градот и општините конечно ќе се охрабрат со некоја минимална сума од 300 до 500 илјади евра за да се стават на располагање на граѓаните, изјави претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски на прес-конференција.

Според него, тоа не е никаков проблем за буџетот за поддршка на корисницте како елементарна одговорност.

-Претставниците на БЕГ го прифатија апелот и во наредниот период ќе продолжат со непречена испорака на топлинска енергија на Скопје и притоа ќе се подобри испораката. ЕСМ го презема финансиското управување на БЕГ и Топлификација Скопје-Север, иако БЕГ и натаму ќе има лиценци, информира Бислимовски.

Слични содржини