ЕСМ ќе ѝ плати 390.000 евра на Адора за годишен закуп

од Nikola Popovski

Денешниот постигнат договор значи дека ЕСМ има закуп на топланите. Договорот е направен меѓу ЕСМ која ќе управува со затоплувањето во Град Скопје и Адора инженеринг, која е сопственик на топланите. Се работи за договор врз основата на методологијата и ќе изнесува 390.000 евра и тоа е годишен закуп. Под исти услови, како што било досега, информира премиерот Димитар Ковачевски за денешниот постигнат договор меѓу ЕСМ и Адора инженеринг.

Според него, ЕСМ сака да го консолидира системот за затоплување и ќе ги направи анализите за можно откупување на топланите и ставање во својот систем.

-Ќе имаме грејна сезона и другата сезона, а градот Скопје нема друг начин за затоплување освен централното греење, додаде премиерот.

Слични содржини