ЕСМ ќе управува со парното во Скопје, доколку не се најде замена за БЕГ

од Nikola Popovski
265 прегледи

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска информираше дека ќе се чека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) да ги одземе лиценците на БЕГ, по што преку тендер ќе се бара приватна компанија која ќе управува со топлинската енергија во Скопје.

-Прво ми е жал што град Скопје веќе има формирано таква компанија која треба да се занимаваат со ова. Тоа е обврска на градот Скопје во случајов. Ако се вратиме назад кога имаше дебата во јавноста, токму градот Скопје и Арсовска кажуваа дека немаат можност оти БЕГ има лиценци. Сега испаѓа дека немале капацитет или не знаат да го менаџираат. Ние нема да ги оставиме скопјани со такви институции. Ќе објавиме јавен повик откако ќе добиеме официјално од РКЕ дека се одземени лиценците. Ако не, ќе одлучиме преку ЕСМ, како што направивме оваа зима, да го менаџира делот со топлинска енергија, рече Бектеши на прес-конференција, како одговор на новинарско прашање.

Тој нагласи доколку се одлучи да се оди преку јавен повик ќе има јасни критериуми за да се најде сериозна компанија која во континуитет и квалитетно ќе ги снабдува скопјани со парно.

-Ако нема таков интерес од приватни компании, тогаш државата ќе ја преземе таа обврска преку ЕСМ, додаде Бектеши.

Слични содржини