АД ЕСМ соопшти дека е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок.
Од АД ЕСМ потенцираат дека опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври 2023, и сите потрошувачи ќе имаат сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија.
„ЕСМ во изминатиот период во целост го заврши отстранувањето на опожарениот топловод на мостот ‘Беласица’ како и сите подготвителни активности за поставување на нови топловодни цевки кои се веќе пренеси на локацијата“, посочуваат во соопштението.
Инаку, мостот „Беласица“ од саботата, 2 септември, е отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти. Мостот беше затворен за сообраќај четири месеци откако на 12 мај избувна пожар.