Компанијата АД ЕСМ моментално ги покрива 100 отсто од потребите на универзалниот снабдувач со струја кој ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар, а непречено тече и набавката на јаглен за потребите на термоцентралите, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-ЕСМ работи согласно побарувањата од универзалниот снабдувач со електрична енергија – ЕВН хоум и номинациите што секојдневно универзалниот снабдувач ги дава за наредниот ден и во моментов 100-процентно ги задоволува потребите на регулираниот пазар. Согласно податоците кои ги добиваме во Комисијата за справување со енергетската криза во континуитет се врши и испораката на јаглен за потребите на РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј, рече Бектеши во одговор на прашање на денешната средба со новинарите.