„ЕСМ Снабдување со топлина“ ќе ги изработи фактурите за топлинска енергија за октомври

од Vladimir Zorba
192 прегледи

„ЕСМ Снабдување со топлина“ соопшти дека во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за месец октомври.

Изработката на фактурите вклучуваше и постапка за преземање на податоците на потрошувачите од страна на „ЕСМ Снабдување со топлина“ од претходниот снабдувач со топлинска енергија „Снабдување со топлина Балкан Енерџи“.

„ЕСМ Снабдување со топлина, во законска постапка ја презема целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир во градот Скопје.

Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика како и Одлуката за давање на лиценца за вршење на дејност снабдување со топлинска енергија на друштвото ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, а со цел обезбедување на континуитет односно непрекинато вршење на енергетската дејност и заштита на јавниот интерес.

ЕСМ Снабдување со топлина во иднина ќе биде Контролор на личните податоци на потрошувачите и истите ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци“, велат од компанијата.

Слични содржини