Есмеров: Мицкоски бара предвремени избори, а моли да не ги добие

од Берта Китинска
432 прегледи

Поранешниот член на ВМРО-ДПМНЕ и екс амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров во интервјуто за „Независен“ вели дека Христијан Мицкоски бара предвремени избори, а моли да не ги добие.

Според него, народот не гледа веќе алтернатива во оваа партија на лошите политики на СДСМ, но пратениците и партиските интелектуалци молчат, а членството е тивко и уплашено гледајќи како ВМРО се распаѓа за сметка на градењето на еден нов политички субјект во името на Левица. ВМРО, вели тој, е како безопасно маче што спие во скутот на Мицкоски, а неговите досегашни политики навестуваат пораз, уште повеќе што партијата има проблем да најде луѓе кои би се кандидирале под нејзиното знаме.

Тој би се извинил за настаните на 27 април ако тоа може да помогне:

-На 27-ми немаше политичко партиско организирање од страна на ВМРО, но повеќето од учесниците на тие протести беа наши членови и симпатизери. Можеби има одговорност во однос на поттикнувачката реторика во деновите пред настанот и за тие вулгарни говори треба да има извинување. Сепак, мојата заложба е да си пружат рака СДСМ и ВМРО и да се договорат за стратешките интереси на државата, да не се гледаат душмански и преку нишан, туку да се обидат да се разберат меѓусебно како политички неистомисленици, вели Есмеров.

Неговите очекувања се дека Мицкоски ќе го бојкотира пописот, а договорот што тој би го потпишал наводно со Бугарија ако дојде на власт би бил полош од сегашниот, бидејќи овој сега ги штити јазикот и идентитетот.

 

 

 

Слични содржини