ЕСП му предлага на Џафери да ја тргне формулацијата „20%“ и да го реши проблемот со албанската паралелка во Чашка

од Nikola Popovski
194 прегледи

Европскиот сојуз за промени му предложи на техничкиот премиер, Талат Џафери да преземе неколку чекори кои, како што велат, можат да ја променат не само положбата на Албанците во Република Северна Македонија, туку и целокупната општествено-политичка ситуација на нашата држава.

-Бидејќи неколку пати не само албанската опозиција, туку и албанските партии од власта, се изјаснија дека сакаат да го тргнат навредливото именување на албанскиот јазик од Уставот на Република Северна Македонија, ова е добра можност тој да предложи во идните уставни измени да се направи оваа измена. На овој начин, тој може да остане во историја и навистина да ја испише историјата.

Освен ова, бидејќи прв и најважен развоен и евроинтегративен приоритет на Република Северна Македонија е борбата против корупцијата, ова е добра можност тој исто така да го предложи и амандманот за уставно санкционирање на борбата против корупцијата. Ова е златна можност ние да им предходиме на европските вредности и да докажеме дека сите сме посветени во борбата против корупцијата, против овој порок што ни ја уништува државата, изјави Орхан Муртезани од Алтернатива.

Ако тој може да го направи тоа, додава Муртезани, ние гарантираме дека со нашите пратеници ќе го поддржиме неговиот предлог.

-Во спротивно, ќе треба да заклучиме дека тој не е само што е технички администратор на техничката Влада, туку и случаен Албанец. А ако не му успее да ги направи првите два предлози, еве му една полесна техничка задача – нека го реши проблемот со албанското образование во Општина Чашка. Уставот го гарантира, Законот за основно образование е јасен, дека тоа е обврска, јасен е демографскиот преглед на оваа општина. Доволно е само техничкиот премиер да има храброст и оваа работа е завршена. Еве неколку мали задачи кои Талат Џафери може да го направат голем, велат од опозициската Алтернатива.

Слични содржини