Еспер: САД не сакаат војна со Иран

од Vlatko K
114 прегледи

Американскиот секретар за одбрана Марк Еспер денеска во Брисел на своите колеги од земјите членки на НАТО им порачал дека САД не сакаат војна со Иран, но дека не можат да толерираат нови инциденти.

Како што соопштија дипломатски извори од седиштето на Алијансата, ваквата изјава Еспер ја дал на затворениот дел од состанок на министрите за одбрана на членките на НАТО, што вчера и денеска се одржува во Брисел.

Според истите извори, Франција на состанокот го предупредила Еспер дека не сака САД да го вклучуваат НАТО во каква било воена мисија во Персискиот Залив и апелирала за опстојување на Договорот за иранската нуклеарна програма.

Претседателот на САД, Доналд Трамп во понеделникот потпиша уредба за воведување нови санкции кон Иран со кои се опфатени иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи и други високи ирански претставници, откако Техеран минатата недела урна американско беспилотно летало во реонот на Персискиот Залив.